Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката
„Заштитната опрема се носи и на отворено и на затворено, како што е пропишано, каде нема можност да се одржува физичка дистанца од два метра“, рече Филипче.
Првичниот план беше казнувањето да почне од мај, а до тогаш полицијата само да опоменува.
Според Уредбата со законска сила, за граѓаните е предвидена казна од 20 евра, додека за фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за своите вработени пропишана е глоба од 2 000 евра.