Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски и заменик министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Кавадарци ќе остварат средби со повеќе жени земјоделки.
Николовски и Тренчевска, како што соопшто МЗШВ, ќе ја посетат малата винарија на Билјана Николова, а ќе остварат средби и со други успешни корисници на грантот за поддршка на рурална жена и мали производители на храна.