четврток, април 17, 2025
22.8 C
Skopje

Нов земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот е во Јадранскотo море

Нов земјотрес попладнево, неколку минути по 14 часот се почувствува во земјава. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во Јадранско море со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот е на 38 километри од Тирана, на длабочина од два километра. По силниот земјотрес во Албанија, попладнево кај нас почувствуван беше уште еден земјотрес чиј епицентар беше во градот Мостар.

Во силниот земјотрес што се случи ноќеска со јачина од 6,4 степени според Рихтер, во Албанија загинаа над десет лица, а стотици се повредени.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови