Со двајца носители на листи владеачката СДСМ оди на избори.
Во тандем на маж и жена партијата на Заев ќе трча на овие избори а кандидатите официјално беа претставени доцна синоќа.
По полноќ, лидерот Заев ги „качуваше на сцена“ сите носители во изборните единици .
Имено, во „кецот“ носители на листата се Никола Димитров и Мила Царвоска, во двојката одат техничкиот премиер Оливер Спасовски и Соња Лукаревска.
Третата изборна единица им припадна на партискиот генерален секретар Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска додека четвроката ја предводи самиот Заев заедно со Соња Мираковска.
Петката им отпадна на тандемот Шекеринска – Митревски додека во шеската ќе трчаат Билал Касами и Фаница Николовска.
За Заев овие личности ќе и ја донесат големата победа на СДСМ на 12 април, додавајќи дека со ваква понуда нема дилема дека тие ќе бидат победници на изборите.