петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Одбележување на 125 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена Гимназија

Амбасадата на Република Турција денеска во Битола организира церемонија за одбележување на 125 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската Воена Гимназија, некогашната Идадија.

Како што е познато, Мустафа Кемал Ататурк во Битола се школувал во периодот од 1896 до 1898 година, каде според хроничарите, токму во Воената гимназија во Битола е создадена основата на неговото идејно созревање.

Во свои мемоари од ученичкиот живот во Битола, Ататурк напишал… „Кога бев во средното училиште во Битола, упорно учев. Сите дававме се од себе за да ја завршиме учебната година први или втори во класот. Така го завршив военото училиште…“ во кое заедно учел со ученици од Битола, Скопје, Пеќ, Јанина, Солун, Велес…

Мустафа Кемал бил истакнат ученик со „Еполета број 7348“, а во интервју дадено за новинарот Ахмет Емин Јалман во 1922 година, поврзано со неговите сеќавања за неговиот ученички живот во Битолската гимназија рекол: „додека бев во Битолската воена гимназија учев со голема волја. Сите вложувавме силни напори да бидеме први или втори во класот. Училиштето, младите мозоци ги учи да бидат хумани, да ги сакаат нацијата и татковината и да бидат горди и независни“

Манифестациите по повод годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во Битолската воена гимназија почнувајќи од 2010 година, континуирано се одржуваат во Битолскиот Музеј, односно Спомен собата на Ататурк, во која се поместени сведоштва од животот на Мустафа Кемал Ататурк и биста пред која денеска повторно ќе се поклонат македонски претставници на државата и гости од Турција.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови