среда, мај 14, 2025
11 C
Skopje

Одбиено барањето на Камчев да му се издаде нов пасош

Судијката Весна Димишкова го одби барањето на бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски, осмничени во Империја, за да добијат привремен пасош. Од Кривичниот суд информираат дека судијката на претходна постапка откако го добила негативното мислење од обвинителството за организиран криминал да не им се даде пасош на Камчев и Панделевски, таа донела одлука да не даде согласност за нивно издавање.

Претходно, со дозвола на Катица Јанева, Камчев доби пасош со траење од шест месеци. Начинот на кој екс-специјалната обвинителка го дала мислењето за Камчев да добие пасош е дел од предметот Рекет.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови