Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари по литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 дененар по литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,426 ден/кг и сега ќе изнесува 45,285 денари по килограм.