Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, вчера бил итно опериран во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“.
Тој од притвор во затворот Шутка бил однесен во болница и потоа веднаш опериран.
„Бојан Јовановски имал прснат чир и направена му е операција. Неговата состојба засега е стабилна и не сакам да навлегувам во шпекулации дали ќе добиел сепса или не“, вели за „Фокус“ докторот Љубен Арсенков од „Св. Наум Охридски“.