Дваесет метри рибарска мрежа и 120 парчиња уловена риба плашица одзела полицијата од 35 годишен охриѓанец поради незаконски риболов.
СВР Охрид денеска соопшти дека кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, вчера околу 17 часот и 30 минути полициски службеници при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид.
– Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство, стои во информацијата.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура.