вторник, декември 3, 2024
9.8 C
Skopje

Пад на извозот и на увозот, трговскиот дефицит до септември 2,34 милијарди евра

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември годинава, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит е 2 344.3 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови