четврток, август 14, 2025
24.8 C
Skopje

Пациент кој бил шест дена во Дубаи се тестира за коронавирус на скопската инфективна клиника

На Инфективната клиника во Скопје во моментов се тестира за коронавирус лице кое пред неколку дена допатувало од Дубаи по шестдневен престој таму, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

„Пациентот има симптоми на грип и се прават тестови, а резулатите ќе бидат познати за неколку часа“, додаде Филипче.

Синоќа на Инфективната клиника беше примен италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но тестовите за коронавирус беа негативни.

„Апелирам до пациентите кои доаѓаат од критичните места точно да одговараат на прашањата на граничните полицајци и на вработените во царина. Да не кријат информации. Да се придржуваат до упатставата кои ги добиваат во информативните материјали на аеродромите и на граничните премини, и доколку се сомневаат на симптоми, да не одат по клиниките, туку да се јават на еден од десетината телефони во Центарот за јавно здравје“, изјави Филипче.

Министерот повторно апелираше до граѓаните да ги одложат ако не се потребни патувањата во северна Италија и да не наседнуваат на лажни вести со цел да не се дига паника. Според него, здравствените институции имаат доволно материјали, околи 10 илјади маски и мантили, како и скафандери, и доколку има потреба ќе бидат набавени дополнително.

Владата денеска на седница ќе дискутира дали ќе се одложат сите посети во овој регион оранизирани од државни институции.

Од вчера се скенираат сите патници на аеродромите во Охрид и Скопје, а патниците кои во државава ќе доаѓаат од критичните предели на северна Италија ќе се пропуштаат само на неколку гранични премини: Богородица, Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Табановце со цел да биде поконцентрирана контролата и да има време да се организираат здравствените работници.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови