петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Педесетта сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Во Народната банка денеска ќе се одржи 50. сесија на Клубот на истражувачите на која ќе  биде презентиран трудот: „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од авторите Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

-Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, соопшти Народната банка која претходно објави повик за сите истражувачи  заинтересирани да учествуваат на сесијата

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови