четврток, декември 5, 2024
6.8 C
Skopje

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан, Модaсар Чаудри

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Модaсар Чаудри, новоименуваниот амбасадор на Исламска Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

-Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма рече дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија придава значење на односите со сите држави, за доброто на народите, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и за одржлив развој и економски просперитет, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги нагласил интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за натамошно унапредување и развој на односите и соработката со Исламска Република Пакистан во сите домени од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Амбасадорот Модaсар Чаудри во своето обраќање рекол дека му претставува чест што е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Исламска Република Пакистан за Република Северна Македонија и изразил очекување дека „пријателството што постои меѓу двете земји ќе продолжи и натаму да се развива и ќе достигне нови височини“.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови