Претседателот Стево Пендаровски очекува учесниците на денешните парламентарни избори да си подадат рака и да си честитаат.
„Сосема е небитно тоа кој ќе биде формален победник вечерва. Очекувам, како што ѝ доликува на една европска демократска држава, сите учесници во изборниот процес вечерва да си подадат рака и да си честитаат еден на друг“,
рече Пендаровски.
Тој денеска заедно со семејството го оствари гласачкото право во месната заедница Автокоманда, Општина Гази Баба.
Според достапните информации до моментот кога тој гласаше, како што нагласи, изборите се одвиваат во демократска, мирна и толерантна атмосфера, како и според здравствените протоколи. Така, рече, треба да остане и до крајот на денот.