сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Петровска: Барањата за предвремени избори во ваква криза се неразумни

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека барањата за предвремени избори во ваква криза се неразумни.

„Јас не мислам дека предвремени избори и се потребни на Република Северна Македонија, особено не во вакви кризи со кои се соочува регионот и светот“, вели Петровска.

Таа додава дека барањата за предвремени избори се неразумни.

„Секогаш кога во вашата држава имате избори, без разлика дали парламентарни или локални, неколку месеци пред одржувањето, по одржувањето процесите во државата запираат“, вели министерката Славјанка Петровска.

 

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови