петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Петровска во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес во НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес (ВНЦ) на Северна Македонија во Одделот за јавна дипломатија на Алијансата.

Како што јави дописникот од Брисел, овој Договор овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односите со јавноста во Министерството за одбрана да дадат свој придонес кон развојот на областа за односите со јавноста во рамките на НАТО. Потпишаниот Договор е предаден на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи.

– Драго ми е што процесот кој го започнавме минатата година, денеска се официјализира и што четворица експерти од Министерството за одбрана во четири последователни ротации следните две години ќе можат да ги засилат капацитетите на Одделот за јавна дипломатија на НАТО, изјави министерката Петровска по потпишувањето.

Таа додаде дека борбата за вистината и за целите на НАТО, како одбранбена Алијанса чија основна функција е заштитата на сојузниците и нивните граѓани, мора да биде јасно видена и слушната, а нашите експерти кои со својата работа овозможија Министерството за одбрана да се искачи на првото место според активната транспарентност во земјата и регионот ќе бидат уште една силна додадена вредност за Пактот.

Предвидено е придонесот на експертите на Министерството за одбрана во Одделот за јавна дипломатија да започнат во мај 2024 година и да траат во следните две години во четири шест месечни ротации.

Инаку, Петровска престојува во Брисел за учество на утрешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, во чиј пресрет попладнево ќе се одржи средба на Контакт групата за одбрана на Украина.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови