недела, јануари 12, 2025
0.8 C
Skopje

Петровска: Одлуката за воена помош на Украина ја донесовме како суверена држава

Одлуката за донација на воена помош на Украина е апсолутно одлука на суверена држава, без разлика што сме членка на НАТО, рече денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Како што додаде таа, деталите во врска со видот и количината на донацијата ќе биле откриени пред јавноста кога документите ќе се декласифицираат.

„Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена и самостојна држава е нападната, Украина, треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност. Од тие причини ја донесовме одлуката за воена поддршка на Украина, во опрема, затоа што Украина е државата што беше нападната“, рече Петровска.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови