недела, декември 15, 2024
3.8 C
Skopje

Пејачот Ламбе Алабаковски приведен за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Триесет и четири годишен маж од Битола е лицето кое го запали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според информации на МКД.мк се работи за пејачот Ламбе Алабаковски кој го признал извршувањето на кривичното дело.

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов” во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото. Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода. Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон”, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Центарот „Ванчо Михајлов” пред 3 дена во Битола објави дека се опожарени нивните простории и дека очекуваат од институциите во најбрз можен рок целосно да го расветлат случајот.

Изгорени се влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола. Внатре не е нанесена штета.

Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов”, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови