петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Пожарот кај село Ѓавото под контрола, поплавени домови од невремето во Кочани

Пожарот кај село Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата зависи од јачината на ветрот.

„Надмината е опасноста која цела ноќ се закануваше на селото Ѓавото. Пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Се дејствува на земја во содејство со хеликоптер од Армијата од воздух, кој досега има направено шест прелети“, информираа утрово од ЦУК.

Оттаму додадоа дека во синоќешното невреме, проследено со град и со дожд, се поплавени објекти во Кочани. Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21:45 часот интервенирала на повеќе локации, како ресторанот „Але Дар“ и повеќе улици на кои имало поплавени домови.

Паднати дрвја биле отстранети од улицата „Димитар Влахов“, од Монополски Бавчи, од улицата „Теодосија Панунов“ и од улицата „Скопска“ број 4 на која биле оштетени и два автомобила. Интервециите на нив, како и на неколку други локации, како што информира ЦУК, се завршено околу 1:45 часот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови