Рано утрово избувнал пожар во зградата во која се сместени Канцелариите на Инспекторатот за животна средина и на Секретаријатот за европски прашања, како и канцелариите на Медиумската Информативна Агенција, на улицата Димитар Влахов во центарот на Скопје, во поранешната згрдата на Комерцијална банка.
Евакуирана е целата зграда, а противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, кој се проширил и на вториот кат, каде се наоѓаат и канцелариите на МИА, и зафатил дел од нив.
Од Инспекторатот за животна средина, каде првично избувнал пожарот, за МИА изјавиле дека работното време почнува во 08:30 часот и дека вработените се уште не биле простигнати на работа.
Засега нема информации за причината за пожарот, пожарникарите се на терен