сабота, април 19, 2025
13.8 C
Skopje

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и до пет денари

Намалена е цената на лебот во одредени штипски пекари, откако Владата и официјално ја замрзна цената на 33 денари.

Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“, вели дека одредени пекари ја имаат намалено цената на лебот за пет денари, а рафтовите на пекарите не се празни.

-Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има, вели Малинов.

Леб и пецива има и во останатите пекари во Штип, како и во супермаркетите. Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на максимални 33 денари ќе важи до крајот на мај.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови