четврток, октомври 3, 2024
23.8 C
Skopje

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бара Република Србија по потерница и екстрадиција, денеска избегал од куќен притвор од домот на роднини во Македонија, дознава неофицијално САКАМДАКАЖАМ.МК.

Тој беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Србија го бара по потерница поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години.

Но, судијата на претходна постапка Пајазит Пајазити од Кривичниот суд Скопје од екстрадиционен, го стави Рамадани во куќен притвор, на пријавена адреса на роднини/пријатели на осомничениот Рамадани.

По жалба на Обвинителството, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска тројца судии од кривичен совет, му одредиле на Рамадани ефективен притвор од 30 дена поради опасност да избега.

Некој од Кривичниот суд денеска му дојавил на Рамадани дека ќе се враќа во Шутка, па истиот момент избегал од Македонија, велат наши извори од истрагата.

САКАМДАКАЖАМ.МК праша во МВР дали бараниот Рамадани денеска паралелно со судиската одлука избегал од државава, но одговор до објавување на текстот, не добивме.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови