вторник, мај 20, 2025
12.5 C
Skopje

Почина 22-годишен затвореник во затворот во Куманово

Во една од ќелиите на затворот во Куманово, во околу 22.00 часот починал 22 годишниот Л.М, жител на населбата Арбериа во Куманово.

Според роднините на починатиот, пишува Алсат, тој во текот на ноќта почуствувал болки, и во отсуство на ноќна смена на лекарите од затворот, тој се напил лекови од другите затвореници.

Затворските власти и полицијата се уште го немаат потврдено случајот, но неофицијално се дознава дека стражарите не повикале Брза помош на време.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови