среда, јули 16, 2025
25.8 C
Skopje

Почнува судењето за случајот „Рекет“ (ФОТО)

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка, од куќен притвор утрово е донесена пред Кривичниот суд во Скопје, каде што се очекува да почне судењето за случајот „Рекет“.

Обвинителката Вилма Русковска на 10 октомври го обвини Бојан Јовановски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева ја обвини за „злоупотреба на службената положба и овластување“, а Зоран Милевски-Кичеец за „примање награда за противзаконито влијание“. Предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судијката Васка Николовска – Масевска.

фото: Fokus

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови