вторник, април 29, 2025
21 C
Skopje

По три години затвор за тројцата обвинети во „Тарифа“

По три години казна затвор добија тројцата обвинети во случајот „Тарифа“, на Специјалното јавно обвинителство. Случајот се однесува на противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Казна затвор доби поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошкоски и раководителите Методиј Стоименовски и Ненад Ѓорговски. Судот досуди дека тие ја злоупотребиле службена положба и ја оштетиле компанијата.

Освен казната затвор, Ѓорговски треба да плати оштета од 20 000 евра, а Стоименовски ќе треба да плати 30 000 евра.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови