вторник, септември 10, 2024
15.8 C
Skopje

Прв регионален самит The New Gen(D)eration во Скопје

Во организација на Фондацијата Хајнрих Бел од Сараево, денеска и утре во Скопје ќе се одржи првиот регионален самит насловен The New Gen(D)eration, кој се реализира во соработка со Коалиција МАРГИНИ (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna.

Намерата, преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, како што најавуваат организаторите, е да се продлабочи разбирањето, да се сподели знаењето и да се развијат стратегии кои придонесуваат на унапредувањето на родовата еднаквост и социјалните промени.

-Целта е да се истражат и адресираат предизвиците со кои се соочува граѓанското општество при третирање на овие прашања, како и да се унапредат родовата демократија, правата на жените и ЛГБТИК лицата. Самитот е фокусиран на три поенти: одговор на порастот на анти-родовите мобилизации, демонтирање идеологии на насилство и феминистички институции, се наведува за форумот.

Главни говорници на посочените теми се Роман Кухар, Адријана Захаријевиќ и Сузана Милевска.

Слични текстови