ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради улични дефекти прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци.
Водоснабдувањето на ул.„Никола Русински“ 2, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Поради уличен дефект на ул. 5/8 и дефект на приклучна цевка на ул. 1/26 во Ракотинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.