вторник, септември 10, 2024
15.8 C
Skopje

Претседателот Пендаровски на одбележување на еврејскиот празник Ханука

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер на покана на Еврејската заедница на Република Северна Македонија присуствувал на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука.

Во рамки на одбележувањето на празникот, како што соопштија од кабинетоте на претседателот, Пендаровски присуствувал на службата во синагогата „Бет Јаков“ која ја држел хазанот од Нови Сад Владислав Траер и ја запалил осмата свеќа на Ханукијата, како централен чин во одбележувањето на празникот.

-Претседателот Пендаровски на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и претставниците на заедницата, им го честита празникот на светлината, посакувајќи им мир, радост и здравје, стои во соопштението.

Слични текстови