вторник, април 29, 2025
7.8 C
Skopje

Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

 

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев.

Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови