петок, декември 6, 2024
8.8 C
Skopje

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид

Претседателот Стево Пендаровски на 28, 29 и 30 јуни 2022 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Мадрид, Кралството Шпанија. Во состав на државната делегација се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Добивај вести на вибер
На 28 јуни, Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува на свечена вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на НАТО, учесници на Самитот, ја приредува Кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

На 29 и 30 јуни претседателот Пендаровски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.

Пендаровски на 29 јуни, во придружба на сопругата, ќе присуствува на неформалната трансатлантска вечера на ниво на шефови на држави и Влади, која ја приредува претседателот на Владата на Шпанија, Педро Санчез.

Во рамки на учеството на НАТО Самитот, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари повеќе билатерални средби.

На НАТО Самитот во Мадрид ќе бидат адресирани ургентните безбедносни предизвици на денешницата и иднината. Лидерските состаноци на Северноатлантскиот совет е предвидено да бидат фокусирани на усвојување на новиот Стратегиски концепт, унапредување на одбранбените капацитети, споделување на товарот и снабдување со ресурси, поддршка за Украина и останати партнерства.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови