сабота, декември 14, 2024
-0.2 C
Skopje

Претседателските кандидати ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.

Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови