Приватните превозници од утрово од 6 часот излегоа на протест, и блокираа неколку крстосници и улици кои придонесоа за „парализирање“ и големи гужви во Скопје.
Беа блокирани крстосниците кај ТЦ Мавровка, потоа крстосницата кај Црвен Крст, како и кај Влада, и блокирана цела „Илинденска“.
Приватните превозници бараат решение од Градот Скопје и велат дека нема да ги тргнат автобусите се до исполнување на нивните барања. Најавуваат дека автобусите остануваат се додека не бидат повикани да се договори динамиката за исплата на заостанатиот долг.
На протестот се автобуските превозници од двете компании „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.