петок, септември 20, 2024
15.8 C
Skopje

Приведено лице осомничено за полов напад

Приведено е лице со иницијали Д.Х. осомничено за полов напад. Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле од Министерството за внатрешни работи.

-Д.Х. е лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад и други дејствија’ и во координација со ОЈО работиме на расчистување на случајот – информира полицијата.

Неофицијално, осомничениот нападнал момче во парк во една скопска населба околу 3 часот по полноќ. Инаку, Д.Х. е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови