вторник, мај 13, 2025
17.1 C
Skopje

Приведен лихвар од Битола

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

-Имено, на 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од  Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.

Од МВР информираат дека по целосно  документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови