АМСМ информира дека на патот Кочани – Штип, околу 80-100 граѓани-производители на ориз со 12 земјоделски машини ја блокирале сообраќајната лента во правец Штип – Кочани кај селото Облешево. Оризопроизводителите протестите ги најавија вчера незадоволни од откупните цени и велат дека блокади ќе има секој ден до почетокот на жетвата.
АМСМ соопшти дека сообраќајот кај Облешево се одвива наизменично.
„На светската берза цената на белиот ориз скокна на 2.500 евра за тон или 150 денари за килограм, додека кај нас откупната цена стагнира. Затоа бараме откупна цена од 40 денари за оризова арпа и 80 денари за бел ориз“, велат организаторите на протестот.