понеделник, март 24, 2025
8.8 C
Skopje

Регулаторните комисии на Северна Македонија и Грција ќе потпишат меморандум за соработка

Меморандум за соработка во областите енергија, вода и отпад, денеска во Атина ќе потпишат Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (РААЕИ), јави дописничката од Атина.

Меморандумот ќе го потпишат претседателите на двете регулативни комисии, односно Марко Бислимоски од РКЕ и Атанасиос Дагумас од РААЕИ.

Меморандумот ќе биде основа за унапредување на функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови