недела, септември 8, 2024
21.8 C
Skopje

Ременски поднесе барање за изземање на Вилма Рускоска од судењето за Меѓународниот сојуз

Третобовинетата во случајот за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Фросина Ременски денеска рече дека до Јавното обвинителство поднела барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска за Меѓународниот сојуз за кој денеска почнува судењето.

„Денеска пред почетокот на судското рочиште за Меѓународниот сојуз во кој што сум третобовинита, во Јавното обвинителство поднесов барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител, преку кршење на правата на мене, и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции“, рече Ременски.

Слични текстови