сабота, декември 7, 2024
8.8 C
Skopje

Русковска денеска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, откако беше суспендирана од работа. Советот ќе треба да одлучи по жалбата на Русковска, која беше оддалечена од својата работа од страна на Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавно обвинителство.

„Денеска ќе поднесам жалба до Советот“, кусо истакна Русковска, а потоа се очекува да даде изјава за медиумите.

Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за финансиска полиција, другиот за станицата за технички преглед за автобусот кој изгоре во Бугарија.

За претресот во финансиската полицијата на 18 јули, директорот Арафат Муареми на 8. август поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи за сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Веднаш откако Русковска беше суспендирана, оставка од функцијата директор на финансиска полиција поднесе Арафат Муареми.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови