Само тројца судии „против“ да се поведе постапка за повлечената аболиција на Иванов

11

Уставниот суд со 6 гласа за и 3 против донесе одлука да се преиспита уставноста на актот со кој беше повлечена аболицијата на Иванов за 56 тогашни функционери.

Против поведување постапка гласале судиите Сали Мурати, Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, а за биле Јован Јосифовски, Елена Гошева, Насер Ајдари, Вангелина Маркудова, Владимир Стојановски, Никола Ивановски, дознава Телевизија 24.

Според нашите информации од судот судијата Кадриу најавил и издвоено мислење што треба да биде составен дел од евентуалната конечна одлука.