сабота, октомври 12, 2024
15.8 C
Skopje

Санкционирани 188 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 25 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови