понеделник, јануари 13, 2025
0.8 C
Skopje

Саша Богдановиќ негативен на тестот за коронавирус

„Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за Ковид-19 и дека тие се негативни. По позитивниот тест на секретарот на општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за Ковид-19. Во изолација останувам до втор негативен тест“, напиша Богдановиќ.

Тој наведува дека општината, тој и вработените од самиот почеток на пандемијата децидно и без исклучоци ги почитуваат мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето заштитни маски и одржувањето личната хигиена.

„На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што коронавирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови