На празникот Света Мајка Тереза, 5 септември, денеска во скопската катедрала „Пресвeто Срце Исусово“ ќе се одржи света литургија по повод 25 години епископство на монсињор Киро Стојанов и пет години од посетата на папата Фрањо во земјава.
Свеченото евхаристиско славење ќе го предводи Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Томо Вукшиќ во сослужение на други епископи и свештеници.