понеделник, март 24, 2025
8.8 C
Skopje

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја вдоми и сестрата на министерот Љутков

ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта.

 Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. 

Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.

 Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски.

 Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.

 Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес.

 Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ. 

Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови