вторник, јануари 21, 2025
-0.2 C
Skopje

СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ да не бега од референдум, народот мора да има право да одлучи за самиот себе, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум.

Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот.

Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум.

Очигледно СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум.

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати референдумската иницијатива, и таа е начин на да се зачува јазикот, историјата и идентитетот. Народот мора да биде слушнат“, се вели во соопштението.

 

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови