среда, мај 14, 2025
11 C
Skopje

СДСМ: Им го враќаме достоинството на граѓаните – се отпишуваат каматите на долговите кон јавните претпријатија

СДСМ како одговорна партија спроведува мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните и повеќе пари во семејните буџети.

Во таа насока е и новата мерка со која се отпишуваат сите камати кон јавните претпријатија на централно и локално ниво и државни установи до крајот на 2017-та година.

Каматите се отпишуваат и на граѓаните ќе им се даде можност да го плаќаат главниот долг на рати, чиј број зависи од големината на долгот.

Оваа мерка е насочена кон решавање на проблемите на голем број граѓани, кои се наоѓаат во маѓепсан круг на блокирани сметки, замрзнати имоти и судски пресуди.

Анализите покажуваат дека каматите го голем дел ги надминуваат и висините на основниот долг и токму затоа се тргнува од бришење на каматите и отоврање на можноста за репрограмирање на главниот долг и негово плаќање на рати.

СДСМ им помага на граѓаните и со законските измени кои предвидуваат намалување на трошоците за нотари и извршители.

Граѓаните корисници на гарантираната минимална помош, оние кои заработуваат помалку од просечна плата и добиваат помала просечна пензија извршувањето нема да може да биде поголемо од една петина од доходот месечно.

СДСМ спроведува мерки за социјална правда и им го враќа достоинството на граѓаните. Приоритет ни е правото на граѓаните да живеат пристоен живот, ослободен од постојан притисок за присилна наплата на нивните долгови, со набилдани камати.

На прав пат сме!

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови