Политичко- безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО, ќе биде темата на која ќе се разговата на денешната осма седница на Советот за безбедност на Република Северена Македонија, што ќе се одржи во „Вила Водно“ со почеток во 12:00 часот.
Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, по завршување на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.