Поради приватни причини откажана е денешната посета на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на компанијата Бентон-Ни во Куманово.
Од владината прес-служба информираат дека за нов термин дополнително ќе ве известат.