вторник, мај 20, 2025
24 C
Skopje

Се очекува француската ратификација на пристапниот протокол

Долниот дом на францускиот парламент се очекува неделава да го ратификува пристапниот протокол за прием на Македонија во НАТО, по расправата закажана за четврток, откако претходно, на 17 октомври тоа го стори и францускиот Сенат. Пристапувањето на Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“, се наведува во образложението дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи.

По француската ратификација, ќе остане се чека уште ратификацијата на шпанскиот парламент кој сѐ уште не е конституиран.

Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 земји-членки до самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но составот на шпанскиот парламент се очекува да биде познат на 3 декември.

Претплатете се на нашиот билтен

За да се ажурирате со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

Слични текстови