Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, најави дека се планира зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции во кои ќе може таа да се прави, што ќе го зголеми дневниот капацитет за тестирање за Ковид-19.
На сегашните 11 институции за дијагностика, изјави д-р Караџовски во интервју за ТВ21, планираме уште три нови за да добиеме уште 200 до 300 брисеви дневно, за да го зголемиме за процентот на брисеви и од 1.500 дневно можеби ќе дојдеме и до 2.000 на крајот на календарската година.