Шеснаесетгодишно момче исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро во близина на Претор. Според полицијата најпрво се превртела педалинка на која се возеле три деца, по што едно момче исчезнало и почнала потрагата.
Несреќата била пријавена во полициската станица во Ресен вчера околу 18 часот.
Потрагата продолжува.